Љупчо Зиков си поднесе оставка на претседателската функција на Алијансата за позитивна Македонија. Тој денеска до Главниот одбор на партијата ја достави писмената оставка во која покрај другото наведува дека е незадоволен од функционирањето на партијата,со која нели тој раководи бидејќи е лидер на партијата.
– Оставката ја поднесувам заедно со поголем дел од членовите на Извршниот одбор. Мојата и нашата проценка е дека не постои брз начин за надминување на проблемите и блокадите во Алијансата. Вака поставена, Алијансата нема услови да ја реализира својата визија и програма која беше основниот фундамент околу кој се собравме во јуни 2013 година, се наведува во писмената оставка што ја поднесе Зиков до партијата.
Во недела ќе се одржи седница на Извршниот одбор на партијата на која се очекува и официјално да биде верификувана неговата оставка.
Алијансата за позитивна Македонија ја формираа новинарот Љупчо Зиков и екс премиерот Владо Бучковски со подршка од тајкунот Минчо Јорданов,непосредно пред ланските парламентарни избори. Партијата доѓивеа фијаско,не освои ни едно пратеничко место. Екс премиерот Бучковски не успеа да обезбеди партиска заштита од судскиот процес за тенковските делови за што доби затворска казна. Издржувањето на казната сепак минатиот месец врховниот суд му ја одложи. Бучковски бараше да завршела школската година имајки предвид дека е професор на правниот факултет на УКИМ со аргумент дека ако заминел во затвор ке трпеле студентите. Одложувањето на затворската казна во политичките кругови беше протолкувано како уште една игра на двоецот Бучковски и неговиот мецена Минчо Јорданов кој е со години во одлични бизнис релации со премиерот Груевски и владеачката ВМРО ДПМНЕ.
