Заев: Груевски го убедувал Јанакиески дека нема да биде виновен за фасадите на ЕВН и Сити галери

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Следните два разговора ќе покажат многу јасно на каква мака биле соработниците на Никола Груевски, па дури и кога се работи за послушници како што е Миле Јанакиески, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Ќе слушнете како Груевски го убедувал дека Јанакиески нема да биде тој што ќе биде вовлечен во криминал, туку дека ќе настрада „таа“ од општина Центар. Ова се однесува на фасадите на ЕВН и Сити галери – рече Заев.