Ушковски: Нема да подлегнеме на политички притисоци

од Vladimir Zorba
143 прегледи
Новиот претседател на Судскиот совет, Бранко Ушковски не сака да ги коментира аудио-снимките што ги презентираше опозицијата, кои, како што тврди лидерот на СДСМ, Зоран Заев, укажуваат на директно мешање на извршната власт во изборот на судиите. Тој вели дека Судскиот совет нема да подлегне на политички притисоци.
usko

– Не би ги коментирал аудио-снимките, со цел да се почитува презумпцијата на невиност, а во исто време за истите наводи и евентуалните повреди на законот нема правна завршница. Ве уверувам дека ние во Судскиот совет нема да подлегнеме на никакви политички претисоци кои се наметнуваат дали за дневнополитички потреби или од други различни побуди и цели – вели Ушковски.

Над десетина судови се уште функционираат без претседатели, во кривиниот суд судењата се уште тонски не се снимаат, недостаток на административен па некаде и судски кадар се само дел од проблемитево судовите. Лани за судството во Македонија биле потрошени над една милијарда денари, од кои 85 проценти биле само за плати на судиите и судската администрација.