Шефот на Apple го донира богатството за добротворни цели

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Извршниот директор на американската компанија Apple Тим Кук планира даго  даде целото свое богатство за добротворни цели, и да се  задржи само на средствата кои ќе му потребни за образованието на неговиот внук.

кук

Тоа го изјави бизнисменот во интервју за списанието. “Форчн”.Според оценката на изданието, вкупната вредност на средствата на  Кук, надминува 800 милиони долари. Шефот на Apple има намера да обезбеди средства за борба против ширењето на сидата, за цели поврзани со заштитата на човековите права, како и за реформа на имиграциониот  систем во САД. Кук изјави за списанието дека веќе е почнато, без многу врева, да донира средства, но сака да развие систематски пристап кон филантропијата, а не само од време на време да пишува чекови. Тим Кук има намера да го плати образованието на својот внук, кој сега е на 10 години. Во 2012 година, тој донираше 50 милиони долари за потребите на болниците во Универзитетот Стенфорд во Калифорнија. Обезбеди исто 50 милиони долари на меѓународната хуманитарна организација Product Red специјализирана во борбата против ширењето на ХИВ, туберкулоза и маларија.