Евроамбасадорот Орав поднел нота до МНР поради прислушувањето

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев, обзнани дека најмалку шест амбасадори на најважните земји биле прислушувани, евроамбасадорот Аиво Орав до МНР доставил дипломатска нота преку која бара да се почитува Виенската конвенција за дипломатски односи, објави БИРН.orav

Информацијата до која дојде БИРН од дипломатски извори, официјално ја потврдија и од МНР со писмена изјава во која се вели: „нотата е упатена при искажани закани во јавноста од лидер на политичка партија дека поседува нелегално стекнати и креирани материјали“.

„Имаме постојана комуникација, но не можеме да коментираме кога станува збор за билатерална комуникација, преку вербална нота или поинаква. Јавната комуникација ја изразуваме преку соопштенија” ни одговорија од канцеларијата на амбасадорот Орав.

Неизвесно е дали нотата е упатена поради самата информација на опозицијата или евроабасадорот ја зел папката со неговите прислушувани разговори.

„Во однос на амбасадите нема да коментираме кој ги подигнал материјалите туку ќе оставиме самите амбасадори да проценат дали ќе излезат со такви информации во јавноста“, изјави за БИРН портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.