Во Скопје, во 10 часот во хотелот „Холидеј ин“ почна вториот ден од тематскиот конгрес на партнерот во владејачката коалиција ДУИ.
ДУИ информира дека на делегатите ќе им се обрати Ерхард Бусек, поранешен заменик премиер на Австрија и координатор на Пактот за стабилност. На конгресот ќе говорат и претседателите на трите комори, Бранко Азески, Мендерес Кучи и Данела Арсовска, како и ќе се претстават две анкети од страна на ИРИ и на НДИ.
Во вториот дел кој што започнува во 14:00 часот истиот ден, ќе се оддржи внатрепартиска дебата и ќе се усвои Резолуцијата на тематскиот конгрес.
