(ФОТО) Се истовара вооружувањето на САД во Бугарија- “Ова се тешки оружја за сериозна војна”

од desk3
123 прегледи

20150330.mtpclfmuzq

Волен Сидеров покажа телевизија “Алфа” ексклузивни снимки од станица Зимница (општина Стралџа). На нив се гледа како се истоварува американска борбена техника – десетици тенкови, медицински возила, цистерни за гориво, цистерни за вода, соопштија од прес-центарот на партијата. Техниката се истоварува од американски војници и ќе биде однесена во базата во Ново Село. Најавената за 15 март заедничка воена вежба, која така и не започна, се користи како параван за да се испорача борбената техника. Таа ќе се користи за евентуални напади против Русија, велат локални жители.

2(14)

“Ова се тешки оружја за сериозна војна”, коментира за возврат Сидеров. Тој истакна дека ниту еден друга медиум, освен “Алфа”, не ги покажала кадрите и не е заинтересирана за тоа.

Според зборовите на Сидеров, оваа техника нема да се користи за заедничките вежби, како што се тврди, и бугарски војници нема да имаат допир до неа. “Таа е истоварена со некаква цел. Бугарија да е линијата на фронтот “, коментира тој.

“Таму каде што се истиваруваат американските тенкови, не следува период на процут, туку на пропаст и милиони жртви”, категоричен е лидерот на “Атака”.

Атакистите почнуваат почнуваат национално собирање потписи за иницирање на референдум со прашањето: “Дали сакате да биде прекинато членството на Република Бугарија во организацијата на Северноатлантскиот договор – НАТО?” Во наредните 3 месеци тоа ќе биде главната цел и задача на националистите. Рокот за петицијата е објавена во весникот “Атака” и може да бидат копирани и дистрибуирани за да се пополнува. Може да се најде уште на линкот: http://www.ataka.bg/2015/podpiska_NATO.pdf

“Ова е многу важна петиција. Со неа ќе направиме историски пресврт. Ќе покажеме дека Бугарија не сака да биде вовлечена во валканите игри на САД, во војна, во која и ние ќе бидеме жртва. Бидејќи нема војна, во која жртвите се само од едната страна. Како и да им се сака на САД со туѓи раце да вадат костените од огнот, тогаш овие раце во случајот сме ние Бугарите. Се истоварува тешката американска техника во Бугарија. Се подготвуваат за војна. Во неа веќе сме мета. Кога ќе распоредат тука и проектили на НАТО и тие се насочат кон Крим и кон Руската Федерација, ќе има одмазда “, додаде уште Сидеров.

3(7)
Тој е категоричен дека треба да се направи биланс што добивме и што изгубивме од НАТО и да се види дали навистина Алијансата ни чува. Сидеров истакна дека НАТО не е обврзан да чува своите членови од инвазија. “Во секој момент турскиот претседател Ердоган може да одлучи да го заштити свои сонародници тука и да влезе во Бугарија, а НАТО нема да не заштити. За НАТО Бугарија е само територија, од која да прават валкани операции против Русија “, коментира националистот.

Тој ги повика дека треба да се мобилизираат сите бугарски патриоти, без разлика на која партија сочувствуваат, за да се обрне погубни курс и погрешна насока во која нè водат владетелите – Борисов и неговите сателити.