Центар дефинитивно оди на референдум: „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на ГТЦ“

од desk3
109 прегледи

Со 12 гласа „за“, советот на општина Центар, одлучи да се распише референдум на кој граѓаните ќе одлучат на изгледот на ГТЦ.

gtc

За оваа одлука гласаа советниците од коалицијата на СДСМ, додека 11-те советници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано.

Во текот на седницата  градоначалникот Жерновски, предложи амандман со кој што се менува референдумското прашање, односно тоа ќе гласи „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на ГТЦ“.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Центар, пак денеска на седницата предложија референдумот за изгледот на ГТЦ, да биде распишан на ниво на целата држава, со аргумент дека во неговата изградба учествувале повеќе државни фирми.

На тоа, градоначалникот на општината Андреј Жерновски, реплицираше, прашувајќи ги зошто, кога беше донесена одлука за „Скопје 2014“ не беа консултирани истите тие граѓани.

„Кога беше одлучено пола милијарда евра, пари на граѓаните од цела држава да се потрошат за „Скопје 2014“, иако беше ветено дека проектот ќе чини 80 милиони евра, зошто тогаш не ја поставивте оваа теза. Ние одлучуваме за ГТЦ затоа што е територија на општина Центар.

Го повикав и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски да се приклучи на иницијативата, но веќе 10 дена немам одговор“, рече Жерновски.