Европската комисија нема да прати меѓународни експерти кои би учествувале во процесот на аферата прислушување и случајот Пуч.
Во писмото кое стигнало до Јавното обвинителство од Комисијата одговориле дека во моментов нема да вршат надворешна експертиза во содржината на било која поединечна кривична постапка.
Како што соопштуваат од обвинителството, Европската комисија оценува дека единствено надлежно тело да ја цени објективноста или транспарентноста на активностите на Јавните обвинители е судот од прва инстанца и во случај на жалба Апелациониот суд.
Јавното обвинителство ја искажува својата отвореност и покана за меѓународни експерти од ЕУ, стои во соопштението кое стигна попладнево од Јавното обвинителство.
