Белизе, рајот за криење на украдените пари на политичарите и криминалците

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Деновиве најактуелна е државата Белизе во Централна Америка. Со последната „бомба“ на опозицијата, но и дополнителните истражувања на новинарите, за прв пат името на премиерот се поврза со конкретни бизниси чиишто траги мистериозно завршуваат во оваа држава којашто им го нуди сиот комфор на анонимност на оние кои не сакаат да откријат што поседуваат, пишува НОВА во своето истражување.

belize-vlez1

„Сирах Лимитед“ е компанија којашто во Македонија ја формира фирмата ќерка „СирахИнжинеринг“, со којашто пак, управува кумот од првиот брак на премиерот Никола Груевски, Ристо Новачевски. Тоа е последното име со кое ќе се сретнеме во приказната за мистериозниот купувач на илјадници хектари земја во елитната скопска населба Водно, бидејќи државата Белизе на своите клиенти им го нуди она што го нудат малку држави во светот – нетранспарентно односно тајно сопствеништво и тајно финансиско работење.

Сѐ што знаеме е дека оваа компанија во Македонија е основана со влог од 1,2 милиони евра, пари за кои јавноста не знае како кумот на премиерот ги стекнал бидејќи тој, како член на Управен одбор на јавно претпријатие нема доставено имотна состојба во Антикорупциската комисија, иако тоа е спротивно на законот. Со колку средства располага фирмата од Белизе која ја формирала фирмата од Македонија можеби и никогаш нема да дознаеме, бидејќи, како рековме, во државата Белизе овие податоци се тајна.

belize-kola11-540x378

Се чини дека „Сирах Инжинеринг“ нема никакви други активности во Македонија освен купувањето земја на Водно, за што веќе пишувавме. Формирана е во 2012 година, или истата година кога го купува земјиштето од 11.000 хектари шума во најелитниот кварт во Македонија.

Но, кој и зошто отвора фирми во Белизе или во другите офшор дестинации како Британските девствени острови, Панама, Ст. Винсент и Гренадини, Џерси, Лихтенштајн, Луганоитн?! Еден од наједноставните и најилустративните одговори го дава Интернационалниот конзорциум за истражувачко новинарство со седиште во Вашингтон, организација во чијшто фокус на работа е токму борбата против перењето пари низ мрежите на таканаречените офшор компании. Оваа организација на јавноста ѝ е позната по својот последен проект „Свисликс“ во којшто обелоденија тајни банкарски сметки на илјадници лица од целиот свет.

„Ако сте бизнисмен и не сакате да платите данок во земјата во која што живеете, ако сте криминалец и сакате да ги исперете парите од шверц на дрога, оружје или бело робје, или, ако сте политичар и сакате да го сокриете вашиот имот од јавноста, или, едноставно, како човек сакате да сокриете пари и од вашата сопруга, тогаш офшор државите тоа го нудат на супер едноставен начин“,вака кусо е се објаснети таканаречените офшор-фирми во една од видео презентациите на Итернационалниот конзорциум за истражувачко новинарство.

Многу од оние кои низ историјата биле фатени со тајни сметки во офшор државите секогаш се бранеле дека „сѐ што правеле било легално“…

Целата истражувачката сторија на тв Нова прочитајте ја на следниот линк.