Што се појадува во светот?

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Појадокот е првиот и најважен оброк во денот. Голем дел од луѓето го пропуштаат поради недостаток на апетит во раните утрински часови или од недостаток на време. Но појадокот е важен, бидејќи дава енергичен почеток на денот, ги помага метаболичките процеси и нè штити од прејадување во пладневните часови.0a8a8a9944f7fbb0a6bd37b02223a7d4

Погледнете како изгледа тој во различни делови од светот.

Јапонија

Појадокот во Јапонија често е лесен. Чинија супа Мишо и ориз или оризова каша, речиси секогаш е главниот дел од појадокот, понекогаш придружена од парче варена риба и кисел зеленчук, и се разбира една чаша зелен чај.

Франција

Појадокот во Франција е исто така доста обичен според неговите состојки, но не и по вкусот. Парче препечена француска франзела, прелиена со величествено масло и мармалад. Појадокот може да вклучува и колачи, меки кроасани, придружени со чаша кафе и сок од портокал.a3992e05c0de4450f0e7372ea123cecb

Кина

Оризовата каша е еден од најчесто подготвуваните за појадок во Кина, како и во многу азиски земји. Кон неа понекогаш се додаваат и лигњи.

Индија

Типичниот појадок во Индија варира во зависност од регионот, но често е доста сличен со ручекот или вечерата. Најчесто првиот оброк во денот вклучува  тенки палачинки од леќа, ориз подготвен на пареа, различни сосови со богати зачини, како и компири повторно приготвени по специјален рецепт со повеќе ароми и вкусови.

Мексико

Во Мексико исто во зависност од регионот појадоците се разликуваат. Пита, јајца, грав, сирење, пилешко и сосови приготвени различно.eb73ef5c624b78bac9319bc9cc5dc27e

Швајцарија

Швајцарскиот појадок е хранлив и здрав. Тој се состои од мусли, ореви, суво грозје или други видови сушено овошје, прелиена со јогурт.

Бразил

Освен најсвежото егзотично овошје, кое го има во изобилство, во Бразил за појадок се подготвуваат мали пекарски теста, полни со сирење , кои се нарекуваат Pão de queijo.

Финска

Со чинија овесна каша со млеко, свежо или замрзнато овошје и малку масло, започнува првиот и најважен оброк во денот во Финска.

Шведска

Швеѓаните имаат за појадок сендвичи. Обично се подготвуваат со две парчиња леб, намачкани со масло и полни со шунка, сирење, зелена салата, краставици, домати и тврдо варено јајце.

Венецуела

Ако планирате патување до далечната Венецуела, знајте дека за појадок ќе ви донесат мек пченкарен леб полн со разновидни филови како сирење, месо, грав и други.