Грција и Русија се изјасниле да отворат “нова страница” во енергетските односи меѓу двете земји. Тоа се случило во Москва на средба во четири очи на грчкиот министер за производство реструктуирање, животната средина и енергетиката Панајотис Лафазанис со претседателот на “Гаспром” Алексеј Милер. Тој разговарал и со рускиот колега Александар Новак, соопштува агенцијата АНА-МПА.
Новата грчка влада има амбиција да следи една нова енергетска политика, која ќе одговара на националните интереси на земјата “без да е потчинета на нечии интереси”, рекол грчкиот министер. Тој додал дека по средбата со рускиот министер за енергетика се отвара нова страница во енергетската соработка, а исто така и нова страница во односите меѓу Грција и Русија.
На прашање за грчките барања кон Москва за намалување на цената на природниот гас, министерот одговори дека очекува позитивен одговор од руска страна.
Од своја страна, претседателот на “Гаспром” Алексеј Милер упатил напади за тоа дека енергетската соработка не напреднала во управувањето со претходната грчка влада, и покрај фактот дека тоа, според руската страна “има иднина и перспектива”.
Милер изразил загриженост од фактот дека потрошувачката на природен гас од страна на Грција се намалува. “Разбираме на што се должи тоа и се надеваме декА новата влада ќе ја поправи оваа ситуација”, дополнил претседателот на “Гаспром”.
Во врска со дебатата за т. Н. “Турски поток”, Милер појаснил дека од моментот во кој Европската комисија има направено сè за да запре “Јужен поток”, и ако ЕУ не пристапи кон изградба на сопствена инфраструктура до грчко- турската граница, тогаш 47 милијарди кубни м. гас ќе бидат пуштени на слободниот пазар до границата со Грција.
Според рускиот претставник 16 милијарди, од вкупно 63 милијарди кубни метри природен гас, кој ќе се пренесува низ новиот цевковод по неговото финализирање, ќе се испорачуваат на турска територија за потребите на соседната држава, а останатите ќе бидат пуштени или на европскиот или на слободниот пазар.
Сепак, сигурно е дека од 2019 година Русија нема да го обнови договорот за пренос на природен гас во гасната мрежа на украинска територија и дека конечно ќе биде поништена тоа рута заради евро-руските односи, забележува агенција АНА-МПА, цитирана од светските агенции во вторникот.
