Грција не успеа да постигне прелиминарен договор со Европската унија и ММФ, за да гја деблокира финансиската помош, откако доверителите го отфрлија пакетот реформи на Атина.. Недостатокот на договор дополнително го зголемува притисокот врз Грција, која се соочува со опасноста да остане без пари освен ако не успее да ги убеди доверителите. Извор близок до преговорите изјави дека вртежот во преговорите “не е знак за сопирање, туку индикација за бавен напредок”.
Претставниците на еврозоната ја отфрлија листата со реформи како “несоодветена во очекување допрва да добијат вистинска листа. За денеска е закажана конференциски телефонски разговор на заменик-министрите за финансии на еврозоната, на која ќе се направи преглед на досегашниот тек на настаните. Алексис Ципрас истакна дека неговата влада има “црвени линии” кои не можат да бидат пресечени, како понатамошно намалување на платите и пензиите и масовни отпуштања.
Грција нема да ја напушти еврозоната – и точка! Крај. Оваа реченица на германската канцеларка Ангела Меркел на самитот на 19 март оваа година која беше прифатено како заповед, а не само како пуста желба. Германија сака Грција да остане во еврото за да го задржи авторитетот на еврозоната. Двете страни на преговорите, изгледа се уценуваат меѓусебно. Грчката влада од една страна може свесно веќе да не ги извршува своите обврски за плаќање, со што Грција автоматски би била исфрлена надвор еврото. Но Европа нема да дозволи работите да одат толку далеку. Всушност тоа е моменталната проблем кога Атина има потреба од неколку милијарди за да го прескокне трапот. Големата разврска се очекува во текот на летото, кога треба да биде подготвен третиот спасувачки пакет со зафатнина меѓу 20 и 40 милијарди евра, во зависност од тоа колку од довербата ќе ја изгуби Грција. Па во последните денови сме сведоци на увертира на една класична грчка трагедија, која допрва треба да дојде, или веќе тропа на вратата и ќека на прагот.
