(ВИДЕО) Спортскиот режим на Кендал Џенер

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Во моментов Кендал Џенер е еден од најпопуларните ликови во светот на модата.37c9d8be06c1e4cf59d73caa516efcab

Таа е единствената од жените во семејството Кардашијан-Џенер која се одликува со слаба и витка фигура .

Ова сепак не ја смирува, туку го прави токму спротивното – помалата сестра на Ким Кардашијан не престанува да работи над своето тело, особено откако почна да парадира и да се снима за едни од најпознатите брендови во светот.

19-годишната Кендал вели дека добриот изглед, доволен за да биде лице на Calvin Klein, е резултат на многу посветеност и исцрпувачки тренинзи .

Моделот открива дека дел од мотивацијата ѝ се песните кои ги слуша за време на фитнес. Не е изненадување дека во плејлистата на Џенер се редат и песни на Кание Вест .

Всушност, човекот кој е одговорен за стегнатата фигура на шармантната Кендал, е Гунар Петерсон – личен тренер од Беверли Хилс, кој има работено и со ѕвезди како Анџелина Џоли, Џенифер Лопез и Метју Макконахи .

Кендал Дженър; Фото: Instagram

“Јас го правам она што тој ми вели. Малку кардио, малку вежбање за изградба на мускули “ , објаснува моделот за своите тренинзи.

Сестрата на Ким тренира по четири пати неделно , нагласувајќи на вежби за стомак .

Покрај тоа, таа сака да трча на патеката во салата. Пред некое време Кендал откри дека сака да пие детоксикациски чај , како и дека го започнува денот со јаболка .