Саудиска Арабија нанесе нови воздушни напади во Сана и Аден

од desk3
131 прегледи

9be124bfeb67119f7326354bb8d5fb11

Воздухопловните сили на Саудиска Арабија и нејзините сојузници во Заливот нанеле нови воздушни напади на аеродромите во јеменските градови Сана и Аден, пренесоа Al Mayadin. Напад е извршено и во реонот на претседателската палата во главниот град на земјата. Воениот камп “Бадр” во Аден, кој беше преземен од бунтовниците-хути, исто бил бомбардиран. Во голем број градови на Јемен се водат и жестоки улични борби.