Кој е победник по една година војна во источна Украина? Тоа не е Киев, ниту пак проруски сепаратисти, или повеќе Владимир Путин, кој освои повеќе отколку загуби во конфронтација со Западот, сметаат аналитичарите.
Давајќи поддршка на украинските бунтовници, најсилниот човек во Кремљ презеде голем ризик, кој ја чини Русија серија од европски и американски санкции, но фактички успеа да ги оддалечи изгледите Киев да се интегрира во НАТО, на тој начин ги покажа прозападните украински власти дека и свртеа грб на Москва.
Она што сакаше Путин, беше јасно уште пред една година: “блокирано малцинство” во Украина или барем контролиран конфликт, за да може да ги запира одлуките на Киев, кои Москва не ги сака како влез во НАТО, резимира професорот од Високата школа за економија во Москва Николај Петров. Општо земено Кремљ постигна своите цели, нагласува тој.
Во моментот кога сепаратистите ја прослават првата годишнина од излегувањето на сцената, украинските власти се на дното, се соочуваат со скршена економија и без илузии за влез во НАТО, пред се поради сепаратистичките територии кои не успеваат да си ги вратат.
Од другата страна на границата Владимир Путин пак ужива рекордна популарност, главно поради анексија од Русија во март 2014 на Крим – украински Полуостров, каде што се зборува главно руски, сметан од мнозинството Руси за нивна територија уште од советската ера.
Крим беше присоединет кон Русија без ронка да е скршена популарноста на Путин која дојде до рекорднит висини , констатира во својот извештај директорот на центарот Карнеги во Москва Дмитриј Тренин.
Според неодамнешната анкета на независниот центарот Левада, 72% од Русите ги одобруваат активностите на Владимир Путин како претседател и 57% – двојно повеќе отколку во декември 2013 – би сакале тој да се кандидира за четврти претседателски мандат во 2018 година
Рускиот претседател отсекогаш сметал дека западните земји нема да одат подалеку од санкциите кои ги наметнаа. Фактите покажаа дека тој имал право. Се разбира, со пена на устата Вашингтон неуморно ја обвинува Русија дека испраќа војници во помош на бунтовниците што Москва го негира, но САД сепак одлучија да не праќаат смртоносни оружја на Киев, стравувајќи од ескалација на конфликтот.
Исто така, ЕУ и Вашингтон, кои воведоа серија санкции против руската економија, придонесоа за падот на рубљата, но се откажаа од радикалните мерки како исклучување на Русија од банкарскиот систем SWIFT.
Западните санкции дури и во голема мера му помогна на Путин да го обедини рускиот народ во отпорот против надворешниот притисок, потсетува Тренин.
Руската економија, која доживеа црна година, небаре здив, а рубљата, која загуби половина од својата вредност во однос на доларот во 2014, започнува да се обновува.
Рускиот министер за финансии Антон Силуанов смета дека “негативниот врв” помина, а министерот за економија Алексеј Улјукаев покажува “убедливи знаци на стабилизација”.
Како знак за можно смирување на тензиите со Западот Владимир Путин би можел да отиде во Вашингтон и да одржи говор на 70-та сесија на Генералното собрание на ОН во текот на есента, што според Кремљ ќе е негова прва посета на ОН за последните десет години.
Рускиот претседател се додржа во конфронтација со Западот околу украинската криза, без да има конкретен план за акција, уверуваат некои аналитичари.
Тој имаше неколку цели и озлогласената максима на Наполеон “впушти се и потоа ќе видиме” – тврди Константин Карачов, директор на Групата политички експерти.
Ном, само едно нешто е сигурно: Путин нема да се предаде и нема да отстапи – смета Тренин.
Москва ќе продолжи да упатува предизвици кон светската хегемонија на САД и да дејствува во свој интерес, предводена од сопствените вредности и без да се стреми кон одобрување на САД или на ЕУ, нагласува тој. / АФП
