Дожд и снег и денеска со минусни температури наутро

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Поради заладувањето од север, во вечерните часови врнежите од дожд ќе преминат во снег и на пониските места во западните и северните делови.

vo-mavrovo-70-santimetri-sneg-od-utre-studeno-do-16-211488

Минималната температура ќе биде минус еден степен, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег ќе биде и во наредните два дена,кога утринските температури ќе се спуштат до минус три степени, а дневната утре ќе достигне до седум, а задутре до 10 степени.

Во четврток времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Темпертурата утринска ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од пет до 14 степени.