Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска повторно треба да се јави на распит во Јавното обвинителство за случајот „Пуч“. На последниот распит му биле предочени доказите, за кои тој се бранел со молчење. Заев е четвртоосомничен во случајот „Пуч“.
Денеска на пладн е и поранешниот директор на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање Зоран Верушевски ќе даде исказ за аферата „Пуч“ во која тој е уапсен, а е осомничен само за поседување на оружје.
Покрај Верушевски, уапсена е и неговата сопруга Соња, која исто така е во притвор, која беше пронајдена во станот на треоосомничениот Благоја Палифров.
Неодамна падна и првата пресуда. Поранешен вработен во МВР го призна делото и доби 3-годишна казна затвор.
Верушевски и Заев се товарат за шпионажа и уценување на премиерот на Република Македонија, Никола Груевски во корист на странски служби.
