(ГАЛЕРИЈА) Најдолгиот тунел во светот

од Vladimir Zorba
322 прегледи

Во Норвешка практично е невозможно да стигнете од една далечна локација до друга, без да мора да преминете голема планина, шума или да треба да се качите на траект, за да минете во фјорд.274038d85ed81c970fca2939df69a376

Тоа е една убава земја, но нејзината комплексна географија е создадена од лавиринт од фјордови, глечери и планини, што значи дека многу норвешки заедници остануваат изолирани една од друга за време на долгите зимски месеци.

До пред неколку години соседни села можеа да се на помалку од два километри едно од друго, но луѓето од двете страни на фјордот или планината да не се познаваат воопшто.76460385636e27262a01a8e40ed5285b

Тоа беше пред Норвешка да започне изградба на широка мрежа од тунели. Кога фјордовите се премногу долги, наместо да се изгради над нив мост, под нив се копа тунел што го прави возењето во земјата многу полесно.9bc4caaff975fed9c2fbc22abbd4b855

Денес во Нордиската земја има над 900 патни тунела со вкупна должина над 750 километри, а најмалку 33 од нив се подводни. Најдолгиот од овие инженерски креации е тунелот Lærdal.a9f038bbcc3f49601d82eb5eafc2503b

Тој е со должина од 24,51 километри и ги поврзува селата Lærdal и Aurland, но фундаментално го поврзува главниот град Осло со вториот по големина град – Берген.5902ce240be177b10d2e36c7a756a4e9

Всушност најдолгиот тунел е Gotthard во Швајцарија и е долг 57 километри, но тој се користи само од возови. Додека тунелот во Норвешка е за моторни возила. Тој е изграден во јуни 1992 година и се поминува за околу 20 минути.57bb40ee282d2a70d9107ff44d545992

За да не озгубат возачите концентрација, што води до несреќи, монотонијата е прекината од благи кривини меѓу правите делници. Освен тоа на секои 6 километри интервал има пештери, наменети за запирање за кратка пауза.c7b3ab42f233a198c5670dc766af1b8c

Пештерите се изградени и поради луѓето кои страдаат од клаустрофобија. Посебно внимание е посветено на осветлувањето во тунелот, кој е во сина и жолта светлина.Проветрувањето на тунелот исто било голем предизвик. Lærdal е првиот тунел во светот, опремен со инсталација за прочистување на воздухот, која ги отстранува трагите од прашина и азотен диоксид.cf8c9dc2c472782c702df90b6a83a9b2