Како што соопшти Дирекцијата за заштита и спасување врнежите што ја зафатија Македонија го зголемија водостојот на реките. Брегалница поплави земјоделски површини, браната Калиманци е на прелив со околу осум метри кубни, а Црна Река достигна 3,36 метри и повторно е излеана на местата на пробините насипи во општините Могила кај селата Новоселани, Вашерејци и Лознани, како и кај Новаци.
Во Битолско се наврнати 28 литри на метар квадратен. Поради преполните канали и високите подземни води, поплавени се и неколку куќи во село Кравари.
Во Кичево до денеска се наврнати 20 сантиметри снег, а на повисоките места и околу 40 сантиметри. Од тежината на снегот оштетени се некои електрични водови и некои делови се без струја.
Сите патишта се проодни, а забрана за движење на тешки товарни возила има на превоите Стража и Пресека.
Проодни се патиштата и во Тетовско, а забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец за Попова Шапка-информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
