Рејндерс: Реформи за независни медиуми и судство, да се разјасни дали прислушувањето било легално или нелегално…

од desk3
102 прегледи

Белгискиот вицепремиер и прв човек на дипломатија Дидие Рејндерс порача дека неговата земја очекува од Македонија да забележи напредок, кој за да се постигне треба да продолжи политичкиот дијалог и опозицијата да се врати во Парламентот. Според него, се уште има реформи на кои треба да се работи, како независноста на медиумите и на правосудството.

rejnders-vo-makedonija_201545111722

Во однос на спорот името, Рејндерс изјави дека Белгија може да и помогне на Македонија со своето искуство бидејќи доаѓа од земја каде регион го носи името Холандија. На новинарско прашање за случајот на прислушување, тој смета дека е потребно прво да се разјасни дали прислушувањето било легално или нелегално, а во однос на самата содржина да се види дали е потребно санкционирање.

Дидиер најави дека политичкиот дијалог во Македонија меѓу владата и опозицијата, судската власт и медиумите ќе бидат трите клучни теми за кои дискутира Европскиот Совет на состанокот посветен на Македонија.

„Прво политичкиот дијалог и самите знаете дека постои таа иницијатива од Европскиот парламент за отпочнување на политичкиот дијалог меѓу владата и опозицијата и навистина е многу важно Собранието да почне нормално да функционира. Исто така важна дебата ќе биде и судската власт, како да се унапредува судската власт, како да се зајакне независноста на судската власт. Ќе има сигурно дебата и во однос на учеството на јавната власт во финансирањето на медиумите и правичната распределба на јавните средства на објективен начин за медиумите“, изјави белгискиот министер.

Неговиот домаќин министерот за надворешни работи Никола Попоски изјави дека Македонија има интерес да ја реши аферата „прислушување“ со институционална и правна разврска без оглед на евроинтеграциите.