Судските службеници подготвени за штрајк

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Претседателот на Здружението на судска администрација, Борче Мирчески  изјави дека судските службеници ќе ја блокираат работата на судовите доколку не се направат итни промени во новиот Закон за судска служба кој е донесен во 2014 година.

Овој закон, според него ги поистоветува службениците во судовите со останатите државни службеници, содржи бројни одредби кои влијаат демотивирачки на целата судска администрација, но има и делови кои имаат репресивен карактер, рече Мирчески гостувајќи на Алсат М.

 

„Подготвени сме за протести. Можеме да правиме опструкции, штрајк и да ја блокираме работата и тоа ќе биде одлучувано благовремено како ќе се одвиваат работите. Во овој момент веќе имаме одлевање на квалитетниот кадар од судската служба во адвокати. Во законот има само една одредба која е демотивирачка. За оние кои ќе бидат оценети со оценка 5, има мотивација една плата плус како награда. Но, за оние кои се оценети со оценка 1 им престанува работниот однос„ вели Мирчески за Алсат М.