Ахмети до Бејли: ДУИ да се вклучи во разговорите

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Меѓународната заедница треба да посредува во политичкиот дијалог помеѓу партиите во земјава и да го набљудува судскиот процес кој што ќе се одвива во домашното судство, му рекол лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска на американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли.

Ахмети и Бејли разговарале околу актуелната политичка ситуација во земјава, тематскиот конгрес на ДУИ, евроатлантската интеграција на земјава, како и потребата за решавање на прашањето со името.

Според Ахмети, агендата на политичкиот дијалог треба да биде драфтувана од Брисел и ДУИ треба да стане дел од разговорите затоа што ниту едно решение за Македонија не е одржливо без да бидат вклучени и Албанците.

Тој смета дека решението на политичката криза не може да се прејудицира, но мора да биде произлезе како резултат на политичкиот дијалог.