(ВИДЕО) Ромите ја пееја „Џелем, џелем“ пред Владата

од desk3
101 прегледи

Химната на ромскиот народ „Џелем, џелем“ денеска се пееше пред Владата каде стотина ромски граѓани протестираа со барање за поголеми права и незадоволни од лошите услови во кои живеат, јави А1он. Протестот беше организиран од Здружението за јакнење и организирање на ромската заедница „Романо Авази“ по повод 8 Април, Денот на Ромите, а почна како марш од Топаанско поле, од каде демонстрантите тргнаа кон Влада.

На денешниот протест пред Владата Ромите побараа уште еднаш јавно извинување од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска по снимените разговори кои ги објави опозицијата каде за време на предизборната кампања министерката, наводно, предлага Ромите да се извадата на гласање така што ќе бидат влечени за уши. Акиф Кариман, од Здружението „Романо Авази“ и порача на министерката да се одважи, па макар и да негира дека тоа е нејзиниот глас на снимките.

 

Повеќе ТУКА