Егзотичните острови секогаш се атрактивна туристичка дестинација.
И додека масовно луѓето одат таму на одмор, бидејќи цените се солени, едно парче од рајот до Фиџи дава шанса на малку побогатите да бидат не само туристи, туку и сопственици.

Неодамна беа пуштени во продажба парчиња од островот Мавува (Mavuva), кој се наоѓа само 3 километри од вториот по големина остров во реонот на Фиџи. Тие почнуваат од 122 000 долари и се релативно евтини во однос на цените понудени за слични егзотични земји.
На островот нема постојани жители и тој е неуреден. Областа му е едвај 42 хектари, но тоа не го прави помалку атрактивен. Тој е полн со кокосови стебла, миризливи цвеќиња, а неговиот најголем плус се кристално бистрите води, крај белите плажи.
Мавува се разликува од другите острови со нетрадиционалната форма, која личи на машки полов орган што му го донело името “Пен остров” (“Пен” доаѓа од “пенис”).
