Државната ЕЛЕМ ја активира банкарската гарнција на словенечката компанија РИКО, која ја изгради хидроцентралата Св.Петка поради неквалитетна изведба.

ЕЛЕМ уште на почетокот на март побарале од банката да се активира гарнцијата, пренсува 24 Вести, а барањете се реализирало во текот на вчерашниот ден со што од сметката на главниот изведувач биле повлечени 5,6 милиони евра. Од ЕЛЕМ ја потврдуваат информацијата
„Поради неисполнување на дел од обврските од Договорот за проектирање и изградба на ХЕЦ „Света Петка“ во утврдениот рок, со цел да ги заштити своите интереси АД ЕЛЕМ ја активира банкарската гаранција што главниот изведувач , словенечката компанија РИКО ја имаше поднесено како услов за квалитетна изведба на проектот.“, велат од ЕЛЕМ
Од РИКО возвратија – случајот ќе оди на меѓународна арбитража, а парите ќе ги добиеме назад, заедно со камата./извор 24Вести