Путин: Ципрас не дојде во Москва за да ја моли Русија за финансиска помош

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Атина не ја молела официјално Москва за финансиска помош, за да го отплати својот долг, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на прес-конференција, по средбата со премиерот на Грција Алексис Ципрас во Москва.

zx450y250_2509261

“Грчката страна не се сврте кон нас со барања за помош “, категоричен беше Путин. Русија нема директно да и помогне на Атина да го отплати својот долг, но Москва може да соработува преку купување на грчки државни средства во приватизациски продажба или преку други инвестициски проекти како на пример “Турски поток” .   Ако успееме да примениме некои важни проекти, тоа ќе генерира приходи за Русија, кои можат да бидат употребени, за да ги отплати таа своите заеми “, коментира Путин. Разговаравме детално како можеме да го зголемиме грчкиот извоз во Русија,  и надомест на сериозниот негативен трговски биланс.

„Зборувавме и за можностите за привлекување на руски инвестиции кон грчката економија во сектори како што се туризмот, инфраструктурата и тоа како можеме да ја зајакнеме културната, научната, образовната и академското соработка и размена”, изјави Алексис Ципрас, изразувајќи благодарност за гостопримството на рускиот претседател и додаде дека е “важно,  односите меѓу двете земји, да бидат рестартирани и минатото да биде заборавено.