104
Шестото издание на НОВА ДЕБАТА синоќа претставуваше соочување на поранешниот министер за внатрешни работи и член на владејачката коалиција, Павле Трајанов, со корисниците на социјалните мрежи. Она што може да се издвои е дека доминираа прашањата од типот: Зошто Трајанов иако се разликува во ставовите со власта на ВМРО ДПМНЕ, сепак останува во колицијата, и кога ќе го напушти ваквото непринципиелно колицирање со ВМРО ДМНЕ. Што е со аферата за прислушувањето и „Пуч“ ?
Во однос на прашањата за прислушувањето Трајанов нема дилеми дека тоа се домашни извори но инситира на правна и политичка разврска на целата голема афера која ја потресува Македонија. Тоа смета дека најбрзо може да се случи преку собраниска а потоа и судска процедура. Тој тврди дека нема меници со Груевски и неговата партија има договор со ВМРО ДПМНЕ ,за обврски во колицијата , но смета дека вака имаат поголем простор за делување , и до колку би го напуштиле парламентот можат да бидат маргинализирани, од контролираните медиуми на власта.
Трајанов истакна дека Лустрацијата како политички процес е изместена и мора веднаш да запре.Не очекува дека некој лудак би наредил употреба на гумени курушуми на полицијата против протести на граѓани кои и да се, бидејќи намената за употребата е за насилство а не за граѓански протести . Трајанов нагласи дека преку својот познат проет ДЕКРИ тој се залага за борба против државниот криминал и корупцијата со конфискација на украдениот имот и се што бесправно е украдено од државата, и дека очекува тој негов проект да се реализира .
видеото тука
