(ГАЛЕРИЈА) Луксузно бегство во Оман

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Од крајот на март до средината на мај карпестиот планински пејзаж на Џебел Акдар (во превод “Зелената планина”) во Оман се трансформира во нежен “тепих” од рози.b5a58ff4977038357756eef0d9f62218

Во тоа време на годината е сезона на розата , па затоа многу хотели во арапската земја нудат тематски одмор токму тогаш.

Неверојатното луксузно доживување го нуди и Chedi Muscat. Во текот на сезоната на розата гостите на хотелот можат да уживаат во спа центарот и да пробаат различни терапии за користење на лековитите својства на розовата вода .

Специјалната мароканска терапија, третман на телото, лицето и дури косата, ветува кадифена кожа само за 120 минути.

Посетителите на Оманскиот хотел можат да уживаат и во барови и ресторани , во кои се служат примамливите десерти со вкус на меден мус, лешник и зашеќерена роза.Во текот на сезоната на розата гостите на Chedi Muscat можат да се запознаат одблизу и со расцутените рози на Џебел Акдар. Со помош на специјална тура тие имаат можност да разгледаат различни места, вклучувајќи и традиционално село.

Погледнете ја нашата галерија и проверете што претставува едно луксузно бегство во Оман.

72832f570d09ad05ab83a1b5c62dc134614a8dc8b11ecbc8e41944464e8105b15f518b01182605b7230bcd85cfd41a1a2fba7b0d17d2e4f3cf9c2e6114fa7753c8bb6fde08df02eaed6b5702d4963c22b8e9035194fb5ed3cfd491cf010e1749 eea31e07bf827fd749280738027849d3 97fd0122cdae7e64f383921320f0e158