Рускиот претседател Владимир Путин го донесе во Кремљ грчкиот премиер Алексис Ципрас и се разбра со него, дека руското ембарго врз испораките на грчка храна може да се одбегне, без да се нарушат никакви правила, вклучувајќи и воведени од самата Русија, пишува “Комерсант”.
Покрај ова, Путин посочи дека Русија е подготвена да кредитира нови големи проекти во Грција (претежно изградба на гасовод), а Грција ќе може да ги исплаќа заемите од соодветните идни добивки.
Притоа Русија сака активно да се вклучи во евентуална приватизација во Грција, ги резимира весникот темите на разговорите.
За време на средбата “, грчкиот премиер маневрираше толку вешто меѓу интересите на Русија, на ЕУ и на својата земја што понекогаш едноставно ми се свртува светот”, пишува новинарот на “Комерсант”,кој останал со “впечаток дека Алексис Ципрас пристигнал во Москва, за да повојува со Унијата “.
“Сензација, бидејќи очекуваното од Западот и со толку страв, не се случи: Алексис Ципрас не побара од Владимир Путин финансиска помош, а Кремљ не го крена ембаргото за храна за Грција. При сето тоа двајцата лидери се разделија, прилично задоволни еден од друг”, коментира “Московскиј комсомолец”.
Ципрас е вистинско “ужасно дете” за ЕУ - одбива да плаќа долгови, инсистира за воени репарации од Германија поради окупацијата од 1941-1944 година – речиси 280 милијарди евра, и се заканува да ја напушти еврозоната, ако Брисел не омекне во своите барања.
Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел веќе се шокирани од црномурната со бели заби самоуверена насмевка, но Владимир Путин сака такви “лоши момци” – особено ако тие јавно сочувствуваат со Русија и со нејзиниот претседател, додава весникот.
Грчкиот премиер очигледно е огорчен од коментарите на европски чиновници по повод желбата на неговата земја да ги подобри односите со Русија, забележува “Росијскаја газета”.
Посетата на Ципрас сигурно “ќе биде разиграна како обид за притисок врз Брисел преку градење на односи со Москва”, смета рускиот политиколог Владислав Белов, цитиран во “Независимаја газета”.
“И Грција ќе биде подложена на опструкција, и самиот Ципрас исто. Грција ќе добие повеќе негативни отколку позитивни поени од страна на Брисел”, тврди експертот.
Русија има право да ја користи конкуренцијата помеѓу одделните земји од ЕУ за капитал, услуги, работна сила и стоки, истакнува тој. “Русија има право да го користи ова право и да потсети на Брисел дека токму политичката и економската конкуренција содржат можност за напредок. А обидите за создавање на Енергетска заедница или други сојузи против Русија ќе личат на Госплан (советскиот државен комитет за планирање) и ќе штетат на ЕУ не помалку отколку на Русија “, вели аналитичарот пред” Независимаја газета “.
