Руски војници одржуваат вежби во Транснистрија, Молдавија во исчекување…

од desk3
129 прегледи

Руски војници спроведуваат воени вежби во Трансдњестар, проруски сепаратистички регион во Молдавија, соопштува “Асошиетед прес”.

188x218

Руски новински агенции цитираат претставник на армијата, кој изјавил дека 400 војници и 30 единици вооружување учествуваат во вежбите во Трансдњестар, тесен појас земја, која се наоѓа меѓу Молдавија и Украина.

Регионот во кој преовладувачкото мнозинство од населението се етнички Руси, се оддели од Молдавија во 1990 година поради стравувања дека Молдавија планира повторно да се обедини со Романија. Руски војници се распоредени во Транснистрија од војната во 1992 година, кога загинаа повеќе од 1.500 луѓе.

Портпаролот на армијата Олег Кочетков изјави дека војниците користеле 100 000 парчиња муниција за време на вежбите, во кои биле вклучени оклопни возила и гранати.

Стравувањата на Молдавија од руското присуство во Транснистрија се засилија откако Русија го анектира Крим минатата година и поддржи сепаратистите во источна Украина.