Сивата економија и пристапот до капитал проблем за македонските компании

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Сивата економија, органичениот пристап до свеж капитал, транспоротната инфраструктура и проблеми со електричната дистрибуција се главните проблеми со кои се соочуваат компаниите во Македонија.

Ова е наведено во последниот извештај на Европската банка за обнова и развој(ЕБРД) и Светска банка во кој се анализираат условите за водење бизнис во источна Европа и средна Азија

„Пристапноста до финансии отсекогаш била една од првите пречки за македонски фирми. Во финансирање на обртни и основни средства, тие силно се потпираат на внатрешни фондови и задржана добивка . За разлика од големите претпријатија, малите и средните претпријатија имаат релативно ограничен пристап до финансии“, стои во извештајот на ЕБРД