Убари е град-оаза, кој се наоѓа во југозападниот дел на Либија или уште попрецизно – во долината на Тарга , пустината Сахара .
Таму е сместено и платото Месак Сатафат, како и песочни дини и езера Идхан Убари .Оазата се наоѓа на околу 30 километри од градот Германија во Либија.
Пред околу 200 000 години подрачјето на Убари било влажно и плодно, со многу врнежи и реки. Овие реки дури го напојувале огромното езеро со димензиите на цела Чешка.
Климатските промени доведоа до испарувањето на целото езеро. Трагите од него сепак постојат и до денес во форма на микроезера расфрлани меѓу блоковите дини.
Во моментов има околу 20 езера во пустината на Убари. Тие претставуваат убави оази со палми , кои личат на вистински “аномалии” во суровата пустинска средина. Меѓу најживописните езера се Gaberoun и Umm al-Maa (Мајката на водите).
Првото е најпосетенито од туристите во Либија, затоа што во близина на него има изграден прост камп со отворена веранда, колиби и продавница за сувенири.

Езерата на Убари се исклучително солени . Ова се должи на фактот дека тие постојано испаруваат и не постојат реки кои ги надополнуваат. На овој начин минералите во езерото води стануваат сè повеќе концентрирани. Некои од езерата, чија длабочина варира помеѓу 7 и 32 метри, се речиси пет пати посолени од морската вода.









