
На 67 години Клинтон не само е дел од највлијателните семејство во Демократската партија, но и исто така симбол на борбата на жените за повеќе можности, среќна баба и поранешен висок дипломат, кој добро ја разбира меѓународната положба и што Америка може да направи во светот . Само 2% од Американците велат дека не го слушнале нејзиното име додека речиси 10% одговорија во анкетата на “Галуп” во март, дека не знаат кој е Џо Бајден. најблиски по рејтинг наводните конкуренти на Хилари Клинтон во партијата се далеку понепознати – Мартин О’Мајли (поранешен гувернер на сојузната држава Мериленд) и Џим Веб (поранешен сенатор од Вирџинија). Тоа значи дека тие ќе имаат и големи тешкотии да соберат средства за кампањи, а во американската политика за избори се вложуваат стотици милиони долари
