Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина Евгениј Перебијнис ги замоли украинските новинари да молчат за испораките на оружје на вооружените сили на Украина, додека официјален Киев спроведува активна фаза на преговори со западните партнери. Службеникот ги повика претставниците на медиумите да се воздржат од активна дискусија на оваа тема, бидејќи за некои учесници во преговарачкиот процес ова предизвикува непријатност, соопштува “Lifenews.ru”.
“Лично сметам дека оружјето, како и парите, ја сакаат тишината”, изјави Перебејнис во интервју за една украинска телевизија. Додавајќи дека преговорите за испораките на оружје продолжуваат со многу земји, вклучувајќи и со САД. И увери дека западните партнери се подготвени да разговараат со Киев за ова прашање, бидејќи тоа не ги крши нормите на меѓународното законодавство.
Некои експерти укажуваат дека САД веќе пружа помош на украинската армија во Донбас, и пренесува техника во земјите од балтичките земји. Во исто време Германија се спротивстави на испораките на оружје за Украина. Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, предупреди дека ако на Киев се пружа помош со оружје “конфликтот може да премине во нова фаза.
