Благодатниот оган слезе на Светиот гроб во Ерусалим, каде патријарх Теофил III го изнесе од капелата.
Огнот, нарекуван уште Свет или Небесен, е едно од чудата кои секоја година се случуваат на Голема сабота. Огнот се пали самиот од себе во храмот “Воскресение Христово”, кој е изграден токму врз Божјиот гроб во Ерусалим.
На Големата саботата, веќе над 2000 години, илјадници верници од целиот свет пристигнуваат во Ерусалим, за да бидат сведоци на чудото.
