Синот на Мендух Тачи повреден во вчерашната престрелка во Тетово !?

од desk3
112 прегледи

Според неофицијални информации на поратлот Порталб, еден од повредените во вчерашната пукотница во Тетово е и синот на лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

07022012205714_Menduh Taci2

Неофицијално осомничените и застреланото лице имале претходно расправија. Синоќа, застреланиот седел на маса со уште неколку лица во кафулето, кога влегле осомничените. Откако го забележале веднаш почнала вербална расправа и се обиделе да го изнесат надвор од локалот, по што дошло до метежот.

16178-480x270

Имаме обезбедено еден осомничен, додека по друг се трага – изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Полицијата, соопшти дека моментално има две осомничени лица, но бројот на осомничени може да биде проширен во текот на натамошната истрага.