ДУИ бара нов закон за целосно официјализирање на албанскиот јазик како решение кое би им ставило крај на сите проблеми кои се појавуваат во употребата на двојазичноста.

– Ние секогаш велиме или нашиот лидер рекол дека прашањето на јазикот остана отворено, не е затворено. Ние секако дека бараме нов закон кој ќе биде компатибилен со Уставот на Република Македонија, во согласност со Охридскиот договор, така како што се гарантира. Охридскиот договор го гарантира како втор службен јазик – изјави за Алсат М, потпретседателот на Собранието, Рафис Алити.