Само три јавни претпријатија должат за даноци сума од над 12,7 милиони евра, покажува последната Листа на должници на Управата за јавни приходи.

На листата се 4.306 фирми и граѓани кои не платиле даноци последните три месеци -до крајот на март. Нивниот долг се проценува на 200 милиони евра.
Меѓу нив се веќе познатите компании кои подолг период не се симнати од врвот на листата, но и ексклузивни ресторани, градежни претпријатија,ски центри, адвокати, продукциски куќи и обични граѓани.
Како најголем должник се појавува компанијата „Ел дон Кастило Ангел“ која должи 1,134 милијарди денари. Меѓу дваесетте најголеми должници се и три јавни претпријатија – „Македонски шуми“, „Македонија пат“ и „Македонската радио телевизија“ кои заедно должат данок од над 12,7 милиони евра.