Пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ има предности и за двете страни, вели пред Дојче веле германскиот заменик-министер за надворешни работи Михаел Рот.
ДВ: Првиот еврокомесар за проширување Гинтер Ферхојгенги поздрави во 2004 десет нови земји-членки во заедницата, неговите наследници на функцијата – уште три земји. Но сегашниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан изјави дека во следните пет години нови членки нема да бидат прифатени. Во таков случај може ли да се зборува за јасна перспектива на пристапување за балканските земји?
Михаел Рот: Јасната перспектива за пристапување, односно нашата понуда за членство во Европската унија, останува. Но не е целосно зависи од Европската унија. Тоа зависи и од одговорните лица во политиката и економијата на соодветните држави, како и од нивните граѓански општества – колку се подготвени и способни да ги исполнат критериумите кои претставуваат предуслов за пристапувањето.
Напорите заслужуваат
ДВ: Штом сепак во Брисел се наведува дека во следните пет години нема да биде прифатена ниту една држава, некои од балканските земји логично се исполнуваат со загриженост за “вечни кандидати”. Што мислите за овие проблеми?
М Рот: Сакам да ги охрабрам оние земји од Западен Балкан, кои сакаат да се приклучат на Европската унија. Нема спор дека патот што го имаат е тежок, но вреди. Бидејќи ние не сме само економска заедница, туку најмногу заедница на вредности. Во контекст на проблемите во преговорите за пристапување од минатите децении при приближување со ЕУ обрнуваме многу сериозно внимание на прашањата поврзани со правната држава, демократијата, соработката во сферата на правдата, независноста на медиумите, но и на одлуката на отворените билатерални прашања. Тоа е и сосема правилно – така кон најтешките прашања се приближуваме на почетокот. Во таква ситуација може и да се случи незадоволство, ако не се постигнува суштинска напредок. Во овој поглед барам разбирање.
ДВ: Во изминатите месеци, сепак некои работи во Европа се променија во геополитички план. Во Европската унија има многу експерти, кои го гледаат во Западен Балкан триаголник меѓу Брисел, Москва и Анкара. Навистина ли има нова излезна ситуација, која би можела да ја понесе динамиката во процесот на приближување помеѓу ЕУ и оние земји?
М Рот: Сите земји од Западен Балкан имаат направено стратешки избор, ориентирајќи се кон иднина во Европската унија. Проширувањето на Заедницата не е само во интерес на земјите од Западен Балкан, но и во наш сопствен интерес. И бидејќи нашите граѓани доживуваат одреден замор во однос на понатамошното проширување, наша обврска е повторно и повторно да го истакнуваме нашиот сопствен интерес од пристапувањето на земјите од Западен Балкан – штом предусловите бидат исполнети. Геополитичката положба, ситуацијата во надворешната политика и безбедноста стана нестабилна. А ние имаме интерес од стабилна, мирна и демократска Европа. Пристапувачката перспектива за Западен Балкан е токму во одговор на овие очекувања. Ако овие земји се дел од ЕУ, од тоа ќе победиме и ние, бидејќи станува збор за сигурни, стабилни и демократски држави.
ДВ: Во последно време германските медиуми неколкупати пишуваа за последица од исламистичка закана во Југоисточна Европа- поради борците на “Исламска држава” кои се доброволци од балканските земји. Колку голема е таа опасност, според вас?
М Рот: Ова е исто толку загрижувачки како и околноста дека од Германија над 3 000 луѓе заминале да се борат на страната на оваа терористичка организација. Западен Балкан е мултирелигиозен, мултиетнички и мултикултурен регион и тоа треба да остане така. Овие држави и нивните општества треба да продолжат да работат за разбирањето меѓу различните етноси и религии. Држави како Албанија можат да бидат пример во овој поглед. Инаку прашањето со приврзаниците на “Исламска држава” би можел да се претвори во проблем за целата Европска унија и се издвојува уште еднаш јасно следново: и нашата безбедност ќе се зголеми, ако можеме да дадеме јасна перспектива на Западен Балкан.
“Сакаме да разговараме со Русија”
ДВ: Српската влада не учествува во санкциите против Русија. Дали една неутрална или отворено русофилска Србија би била прифатлива за Европската унија и за Германија?
М Рот: Кој е во Европската унија, не е неутрален. Ние имаме заедничка позиција на која спаѓа подготвеноста да се обединиме во ставот кон Русија. Тоа сепак не значи дека специјалните историски, културни, економски и политички врски со некоја друга држава, како на пример Русија, треба да бидат прекинати. И ние и покрај санкциите не сме ги замрзнале односите. Напротив – сакаме да разговараме со Русија и со руското раководство.

