(ВИДЕО) Што претставува Средношколскиот пленум?

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Средношколскиот пленум објави кратко видео во кое објаснува која е целта на пленумот и кои се барањата на средношколците.

За нив спорен е законот за екстерно тестирање и бараат да се врати стариот концепт на државна матура. Својот револт го искажаа преку неколку маршови до сега како во Скопје така и во други градови во земјава.

Средношколците се надеваат дека ветената средба со претставници од Министерството за образование и наука ќе се одржи наскоро, а во меѓувреме, продолжуваат да ја бојкотираат наставата./НоваТВ