Во среда СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ повторно на преговарачка маса во Брисел

од desk3
155 прегледи

Во среда претставници на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит ќе ги продолжат разговорите за разрешување на политичката криза во земјава.

21272mala

Првата средба која се одржа кон крајот на март не беше оптимистичка за разрешување на политичките недорзбирања, бидејќи двете страни останаа со тврди позиции .

Делегацијата во Брисел ВМРО-ДПМНЕ ги претставуваа Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски, а претставници на СДСМ беа Радмила Шекеринска, Рената Треневска-Дескоска и Виктор Габер. Според информациите од оваа средба, претставниците на СДСМ барале формирање преодна влада, оставки на министри и од одговорните во Македонската-радио телевизија, како и од јавниот обвинител. Овие барања, како што е познато, не биле прифатливи за ВМРО – ДПМНЕ.