Адвокати, економисти, правници, професори, ќе бидат нови антикорупционери. Од претходниот состав остануваат само економистите Сеиди Халили од Тетово и Фарије Алиу од Гостивар-пишува РСЕ

За нов антикорупционер е предложен Горан Миленков, адвокат од Скопје. Меѓу другото во својата кариера тој бил и советник во Министерството за надворешни работи. Но, во неговата биографија доставена до Собранието не се наведува дека има искуство во област од антикорупција.
Игор Тантуровски, кој е доктор на економски науки од Скопје, работел како финансиски директор во болницата Свети Наум Охридски во Скопје, а извршува работи од областа на финансиите и во други здравствени институции. Тој поседува и сертификат за положен испит за јавни набавки. Името Игор Тантуровски може да се најде и како донатор на владејачката партија. Тој во 2012 дал 60 илјади денари за ВМРО-ДПМНЕ.
Најдо Спасевски работи како како адвокат во сопствена адвокатска канцеларија, а претходно со години бил судски соработник во Основниот суд Скопје.
Сузана Таскова Аџикотарева, магистер по казнено право од Скопје. Таа додека студирала една година работела во земјоделска организација, а потоа волонтирала во Основниот суд Скопје 1. Потоа работела како службеник за наплата во фирма за финансиски консалтинг, потоа две години во Министерството за финансии во Управата за финансиско разузнавање, а нецела година работела и во Комисијата за верификација на факти како советник.
Жаклина Дамческа е дипломиран правник од Прилеп. Од 2013 година работи како правен советник во Државното правобранителство во Прилеп. Голем дел од досегашната кариера ја поминала работејќи како правник и менаџер на грчки фирми во Прилеп. Во биографијата навела дека има средно познавање на грчкиот и на англискиот јазик.
Повеќе ТУКА