Утре СДСМ со „бомби“ во Охрид

од Vladimir Zorba
286 прегледи
Бомбите на Заев за локалните избори и криминали на раководствата и комитетите на ВМРО ДМНЕ утре ќе татнат во Охрид.

Се очекува претседателот на Општинската организација (ОО) на СДСМ – Охрид, Томислав Тунтев, со почеток во 14 часот во хотелот Ривиера на прес конференција да ја обелодени најновата група снимки од прислушкувани разговори.

Во  18.30 часот на плоштадот Крушевска Република ќе почне Маршот на вистината, кој ќе заврши на градскиот плоштад, каде ќе говори и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.