Пентагон ја призна ранливоста при сериозни сајбер напади

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Претставник на Министерството за одбрана на САД призна  за ранливоста на американските сервери пред хакерите. “САД се способни да остварат голем сајбер против непријателот. Но јас сум загрижен од тоа до кој степен во моментов самите ние сме ранливи”, рече Ерик Розенбак, помошник-министер за одбрана на САД за национална и глобална безбедност.

20150415.txnmvxhmgi

Розенбак ова го изјави  за време на сослушување пред сенатската комисија за прашањата на вооружените сили. Така  претставникот на Пентагон кажа за плановите на военото министерство да привлече се повеќе нови и напредни професионалци. “Размислуваме за соработници и од други институции. На пример, од калифорниската силиконска долина”.  Комерцијалните авиокомпании може да бидат хакирани за време на летот од патници кои користат безжичен интернет на авионот, за да добијат пристап до управувањето, предупредуваат американски експерти, пишува Telegraph. Извештај на Канцеларијата на одговорноста на Владата на САД наведува дека оваа опасност е една од неколкуте кои можат да се случат како резултат на слабоста на сајбер безбедност на авиокомпаниите.

“Интернет врската со кокпит претставува директна поврзаност помеѓу авионот и надворешниот свет, во кој може да има лица со опасни намери “, се наведува во извештајот. “Оваа опасност ќе продолжи да се зголемува. Тоа е нешто што треба да биде обмислено “, изјави администраторот од американската Сојузна агенција за авијација Мајкл Хуерта.