Ајдук-чантар ограбил старица во Прилеп, фатен е…

од desk3
91 прегледи

mkd-186968

На 14.04.2015 година околу 09,30 часот во Прилеп, додека В.Ј.(75) од Прилеп се движела по ул.„Мирче Ацев“, од позади грб и се доближил непознат сторител, ја фатил за чантата која ја носела во рака и почнал да и ја влече од рацете, по што таа паднала на асфалтната површина, а сторителот и ја одзел ташната и побегнал. Од падот, В.Ј. се здобила со ТТП–скршен колк и повреда во пределот на главата, констатирани во МЦ-Прилеп, каде и е укажана лекарска помош. По преземените дејствија од страна на полициски службеници од ПС-Прилеп, осомничениот е пронајден и лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава.