СДСМ го презентираше во вчерашната “бомба”,а денеска екс-министерот Кралев стана директор во Телеком

од desk3
99 прегледи

pancekralev_g1
Поранешниот министер за образование Панче Кралев влезе во одборот на директори на телеком

Панче Кралев, Небојша Стајковиќ и Мелинда Модок се избрани за неизвршни членови на Одборот директори на Македонски телеком, додека Петер Жом е избран за независен неизвршен член на Одборот директори на денешната седница на годишното собрание.

Собранието на седницата ја констатираше оставката на Томас Панханс, од позицијата неизвршен член на Одборот директори на Македонски телеком, со важност од 15.04.2015 година.

Собранието го одобри и работењето на членовите на Одборот директори на Македонски телеком за 2014 година, a го усвои и Годишниот извештај за работењето на секторот за интерна ревизија на друштвото за 2014 година.

Одлучено е македонски телеком за минатата година да исплати дивиденда во вкупен бруто износ од 2.262.857.170 денари, односно по 26,23 денари за акција.
Кралев беше министер за образование до април 2013 година, кога поднесе оставка од лични причини. Сепак, тој остана во кабинетот на премиерот Никола Груевски како советник од прашања за образованието и човек од доверба во партијата.

На вчерашната прес конференција на СДСМ беше објавен разговор кој наводно се води меѓу Кралев и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за вработување асистенти на факултетите, проверени партиски кадри.

„Ама Панче, треба да видиме кои се луѓето, да не се некои комуњари“, вели Јанкулоска.

„За тие што се знае дека се СДСМ ги имаат лоцирано, тие што се наши ги имаат лоцирано и тие се поминати, тие од СДСМ не поминуваат меѓутоа имаме група луѓе на недефинирани“, вели, како што посочуваат од СДСМ, тој во разговорот.