Повелбата за солидарност на синдикатите и организациите за заштита на работничките права целосно застанува во поддршка на протестот на својата членка, Синдикатот на културата и бара целосно повлекување на Законот за култура донесен наспроти вољата и зад грбот на вработените.
![]()
Сметаме дека и со овој Закон, се прави перфиден обид за суспендирање на синдикалното организирање и колективната заштита. Се солидаризираме во отпорот кон игнорантскиот однос на надлежните институции кон Синдикатот на културата, однос карактеристичен не само за Министерството за култура туку и за сите други Министерства на оваа Влада кон синдикалните организации.
Денес во 14. 30 ќе бидеме пред Министерството за култура солидарно да ја изразиме нашата поддршка на нашите колеги.
Повелбата на Солидарност, покрај Синдикатот на клутурата ја сочинуваат Синдикатот на вработените во управата, правосудството и здруженијата УПОЗ, Конфедерацијата на слободни синдикални организации КСОМ, Синдикатот на новинарите ССНМ, Синдикатот на вработените во дипломатската служба и левичарските организации Солидарност и Ленка.