Ципрас убеден дека ЕУ нема “неморално и брутално” да ја уценува Грција

од desk3
103 прегледи

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, изјави дека е “тврд оптимист” дека неговата влада ќе постигне договор со меѓународните кредитори до крајот на април и покрај Тензиите поради прашања како реформите во пензискиот сектор и во пазарот на трудот. Тоа го изјавил грчкиот премиер во интервју за “Ројтерс”.

Greek Prime Minister Alexis Tsipras in Brussels

Ципрас додал дека неколку точки на согласување биле постигнати по лансирањето на преговорите, особено во области како собирањето на даноци, корупцијата и иницијативите за распределба на даночниот товар на оние кои имаат способност да се плати.

Но Ципрас признал дека двете преговарачи страни не се согласиле по четири теми: за пазарот на трудот, пензиските реформи, зголемувањето на данокот на додадена вредност и праватизацијата која тој ја опишува како “развој на државната сопственост”, а не како продажба на средства.

Неговите коментари доаѓаат по совети од европските партнери на Грција дека договорот за доделување средства од потребната помош е малку веројатно да се постигне во текот на следната недела и дека Грција ризикува да остане “на црвено” со парите и да прогласи банкрот по долгот.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, кој е еден од најострите критичари на Ципрас, отиде подалеку, откако во средата изјави дека “никој нема идеја” како договорот може да биде постигнат, ги урна надежите за постигнување на пробив на средбата на 24 април на министрите за финансии од еврозоната во Рига.

“Иако има какофонија и се менуваат изјави во последните денови од другата страна, јас останувам голем оптимист дека ќе има договор до крајот на месецот”, посочил Ципрас и додал: “Бидејќи знам дека Европа се научи да живее во своите несогласувања, да ги обединува своите делови и да оди напред. ”

Тој изјавил дека е убеден дека Европа нема да “го избере патот на неморално и брутална финансиска изнуда”, а наместо тоа ќе го избере “патот на надминување на тешкотиите” и “стабилноста”.