(ФОТО) Американските војници “стапнаа” во Украина

од desk3
161 прегледи

290 американски десантници пристигнаа во Украина, информира Утро.ру. Тие ќе се зафатат со подготовката на борците на украинската армија. Сајтот се повикува на порака на Твитер на амбасадорот на САД во Киев Џефри Пајт.На фотографијата публикувана од амбасадорот се гледа како американските инструктори одат на аеродромот на Лавов. Покрај тоа, тој се наведува и воената база на САД во Германија US Army Garrison Bavaria од каде десантниците пристигнале.

20150417.nhdreruanz

Во март министерот за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков соопшти дека на 20 април воени лица од американската армија ќе пристигнат на Јаворовскиот полигон, Лвовска област, каде ќе се одржи вежба.

“290 американски десантници ќе пристигнат на 20 април во Лвовска област Јаворовскиот полигон. Според договорот со Стејт департментот на САД, таму ќе се одржат долгите заеднички вежби на 173 воздушнодесантна бригада на Армијата на САД и борбени единици на Националната гарда, напиша Аваков на Фејсбук.

Американските војници ќе останат во Украина три месеци и ќе ги обучуваат украинските баталјони. Аваков додаде уште дека во вежбата ќе учествуваат 900 борци од Националната гарда.

Претходно, претседателот на Украина Петро Порошенко со декрет го афирмира планот за мултинационалните вежби во 2015 година и потпиша закон за прием на меѓународни војници на територијата на Украина.